Furkan Naci Top
19 Септември 2017•Ажурирај: 20 Септември 2017
АТИНА (АА) - Во грчкиот главен град Атина се одржа протест на околу 100 Сиријци, кои на овој начин изразија незадоволство поради поделбата на семејствата кои спасот го најдоа во другите европски земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу демонстрантите кои се собраа пред Канцеларијата за азил во Атина, имаше и голем број деца.
Насобраните демонстранти испратија порака дека веќе долго време, по затворањето на границите за бегалците, се заробени во Грција, додека некои членови од нивните семејства успеаја да преминат во другите европски земји.
Протестите, како што рекоа, се организирани за да можат официјалните лица да го слушнат нивниот глас и апелот дека сакаат да се сретнат со своите семејства.
Бегалците носеа и транспаренти: „Сакам да се сретнам со мајка ми“, „Меркел, да ги отвори границите“.
Границата за бегалците во Европа е затворена пред 1,5 години, а повеќе од 60.000 бегалци останаа заглавени во Грција