ИСТАНБУЛ (АА) - Адвокатот ангажиран од страна на Турција во истрагата за Фетулах Ѓулен и активностите на неговата терористичка организација ФЕТО/ПДЈ, верува дека треба да помине одредено време додека не се реши случајот со неговото есктрадирање, но на крајот Вашингтон ќе мора да го предаде овој терористички лидер, јавува Anadolu Agency (AA).
„Верувам дека на крајот САД ќе биде задолжен да го екстрадира Ѓулен”, вели Роберт Амстердам, основачкиот партнер на правната фирма „Amsterdam & Partners LLP ” .
„Многу е важно за турскиот народ да сфати дека овој случај со Ѓулен е единствен. Исто така, многу е тешко народите од Западот да разберат дека треба да бидат стрпливи и да сфатат дека е потребно навистина долго време за луѓето да увидат дека организацијата на Ѓулен преставува организација на криминал како и тероризмот која таа го нанесе” , изјави Амстердам за АА во екслузивно интервју поврзано за Ѓулен и неговата организација ФЕТО, кој се обвинува за неодамнешниот неуспешен обид за државен удар.
Според Амстердам, обидот за државен удар кој се случи на 15 јули во кој загинаа 240 лица а речиси 2.200 беа повредени, претставува „ чист акт на тероризам”. Тој го даде ова навестување поради тоа што Турција и САД се потписнички на главните меѓународни конвенции за тероризмот, при што тоа би можело да го отвори патот кон екстрадирање на Ѓулен во Турција, каде треба да му биде судено.
Анкара, и покрај постојаниот договор помеѓу двата сојузници на НАТО постојано бара екстрадирање на терористичкиот лидер од САД. Откако државниот секретар на САД, Џон Кери, изјави дека Вашингтон сака да види „ докази а не само наведувања”, Анкара испрати два пакети со официјални документи за да го задоволи барањето на Вашингтон.
„На крајот од краиштата сум убеден дека ова би можело да успее, но како што реков претходно, ова е процес на влада со влада . САД вели дека им е потребен конструктивен однос во врска со прашањето за Ѓулен, и мислам дека треба да дозволиме ваква дипломатска размена со цел ова да го заземе својот тек”, вели Амстердам.
Во истрагата на Амстердам над Ѓулен, откриена е мрежа на организации поврзана со терористичкиот водич и владата на САД, во која парите се разменуваат за политичко влијание.
„Ова е неверојатно тешка приказна за луѓето да ја разберат, дека имам без знаење на САД може да навлезе во државна, локална и фердерална политика на овој начин. Ова искрено не изгледа веројатно. Ме тера да мислам дека Ѓулен има свој „аби”, свој поголем брат кој го води, бидејќи на друг начин ова нема смисла” , изјави тој користејќи збор за да им се обрати на имамите во рамките на ФЕТО
- „ Акти на измама”
„Ѓулен е брилијантен во поседување на чартер училишта кои не се регулирани во САД .Па така, тој е навлезен во овој систем каде другите училишта се занимаваат со дел од она што тој се занимава, но не до иста мерка. Тие училишта му помагаат во лобирањето на Ѓулен, па така да тој не е сам”, вели Амстердам.
Амстердам е убеден дека Ѓулен добива помош при што укажа на случајот во среднозападната земја на Индијана каде во неговата истрага се пронајдени повеќе од 400 членови на Владата таму кои оделе на организирани патувања во Турција од страна на Ѓулен.
„Ова е неверојатно. Начинот на кој успеал е шокирачки”, изјави тој.
Во неодамнешната статија која ја напиша за списанието Форбс, Амстердам откри детални финансиски неправилности во мрежата на чартер училиштата на Ѓулен, во Калифорнија, Оклахома и насекаде.
Адвокатот за АА изјави дека околу 6.000 студенти се образуваат во училиштата на Ѓулен ширум земјата до износ од 500 милиони долари при што дел од тие средства се користат за движењето на Ѓулен.
Тој рече дека една од најпознатите очигледни дела на измама се извршени на начин со виза H-1B.
„Неговата организација за повеќе од една деценија кривично и систематски го прекрши законот за имиграција на САД” , рече Амстердам. Посебната виза се користи за да се постават странски државјани на работни позиции кои не можат да бидат потполнети од страна на граѓаните на САД.
ФЕТО наводно ги плаќал наставниците во своите училишта 55.000 долари годишно, при што тие работници треба да исплатат помеѓу 15 и 20 отсто од своите плати на Ѓулен, вели Амстердам.
„Ова е само почеток ”, изјави тој.
Тој исто така опиша друг тип на лажна активност во која компаниите се наместени и се користат долгорочни обврзници. Во еден случај во Тексас, една фантом компанија се залага да направи 18 милиони долари од програмата на сметка на даночните обврзници.
Освен училишта и институции како што е Фондацијата Руми, Ѓулен има за цел да навлезе и во вооружените сили на САД исто така.
Амстердам вели дека групата се обидува да влезе во воените бази но кога беше запрашан за повеќе информции, тој не сакаше да оди понатаму, велејќи дека ќе зборува за само тоа што го знае и дека не сака да шири шпекулации.
Секоја истрага поврзана со организацијата ФЕТО е комплицирана поради нејзината вистинска големина и навидум добро поврзани политички членови.
- „Лажно знаме”
Амстердам кој вообичаено е на страната на противниците на владата, рече дека го земал случајот затоа што верува дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговата влада се во неповолна положба справувајќи се со Ѓулен во САД.
„Верувам дека Турција не е третирана правилно со децении и не и е укажана почитта која таа ја заслужува. Мислам дека би можел да помогнам со тоа што ќе ја разоткријам опасноста на Ѓулен за која сметам дека претставува лажно знаме” , вели тој.
Амстердам мисли дека претставува огромна грешка за Вашингтон одложувањето на своето евентуално осудување на ударот но не верува во она што многу од турскиот народ веруваат, а тоа е вклучувањето на САД во неуспешното соборување.
„Барак Обама никогаш не би бил вклучен во поддржување на ваков обид за удар ”, изјави тој.
„Турскиот народ треба да разбере, дека ова однесување не укажува на Америка воопшото, туку укажува на владата која претставува администрација на Обама- преплавена со комплексни проблеми”, додаде тој и упати критики кон американската политика на Блискиот исток дека била „навистина проблематична ” некое време.
„Па така, САД и должи на Турција долг во рамките на работата сторена во обид да се октрие оваа закана за америкаснкиот народ”, вели тој.
Во следните неколку недели, тимот на Амстердам планира да открие резултати во врска со истрагата на Ѓулен во Охајо и Чикаго, и на крајот од септември ќе биде објавена книга во која ќе бидат издадени детали во врска со меѓународните активности на Ѓулен.
„Многу е важно луѓето да бидат едуцирани во врска со измамите на Ѓулен на начин на кој ќе се покаже како неговата организација ги издава многуте принципи за кои се преправа дека ќе ги прифати и на начин на кој е навлезен во американскиот политички систем со масовна донаторска кампања со која се обидува да се здобие со неказнивост поради нејзионото однесување во САД”, изјави тој.
news_share_descriptionsubscription_contact


