Nazmi Abduramani
02 Февруари 2016•Ажурирај: 03 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Државниот министер во Министерството за надворешни работи на Германија, надлежен за Европа, Михаел Рот, во рамките на неговата посета на Скопје, одржа дебата со студентите на Правниот факултет во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
Државниот министер во Министерството за надворешни работи на Германија, надлежен за Европа, Михаел Рот најави дека Германија и ЕУ, фокусирајќи се на три прашања кои тој ги нагласи како клучни за вракање на земјата во процесот на европската интеграција, продолжуваат да се фокусираат на проширување на Унијата кон земјите од Западен Балкан.
"Вратата на ЕУ е отворена за вашата земја, брзината на процесот за членство зависи од вас, ако се исполнува агендата на реформите, ЕУ ќе ги исполни своите ветувања. Македонија и треба на ЕУ и на ЕУ и е потребна Македонија, особено овие денови ", рече официјалниот германски претставник Рот, додавајќи дека ќе соработуваат во врска со прашањето на миграцијата, но тоа, како што рече тој, не значи дека нема да има предности во однос на интеграцијата во ЕУ.
Понатаму тој се фокусираше на политичката криза во Македонија и побара истата да се реши веднаш бидејќи таа долго време во земјата причинила голема штета.
"Политичката криза во вашата земја треба да се реши веднаш. Нашите очекувања се многу јасни, дека постои политички договор на маса, има многу малку време да се одржат фер избори во април. Европската комисија во 2014 година објави стагнација во слободата на медиумите и судството, за во 2015 година да им се обрне внимаие, исто така и во слободата на медиумите и владеењето на правото ", изјави Рот, кој рече дека на средбите што ги имаше со политичките партии и граѓанското општество открил два проблема.
"Од моја гледна точка е дека Владата не исполнила две многу важни прашања. Првиот е регистрација на гласачите, а вториот е состојбата на медиумите. Сега, направете ги домашните задачи, ова е мојата порака. На 19 или 20 февруари очекуваме оценување со цел да одлучат дали е можно изборите да се одржат на 24 април. Не разговараме само за избори, туку да се слободни и фер избори", потенцираше Рот.
Инаку, денешната дебата на Државниот министер во Министерството за надворешни работи на Германија, надлежен за Европа, Михаел Рот со учениците беше организирана од Фондацијата Фридрих Еберт.