Amina Zorniç
17 Ноември 2016•Ажурирај: 18 Ноември 2016
СЕУЛ (АА) - Владата на Јужна Кореја денеска посебно го организира јавниотсообраќај во земјата бидејќи 600.000 студенти ќе го полагаат годишниот приемен испит за колеџи и универзитети кои ќе ја одредат иднината на нивните животи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Поради приемниот испит кој ќе трае осум часа, на 1.183 локации низ земјата, на улиците на Сеул утринава е забранет сообраќајот за шлепери и тешки камиони, со цел да се осигура студентите да пристигнат на време.
Владините канцеларии, експозитури на големите компании и берзата на Јужна Кореја беа отворени во 10 часот, еден час подоцна од вообичаеното, додека активностите на градилиштата беа суспендирани.
Напладне, кога студентите ќе го полагаат 30-минутниот усмен испит на англиски јазик, ќе бидат приземјени сите авиони, додека на возачите на автобусите во тоа време им се забранува да ги употребуваат сирените на постојките.
Локалните медиуми објавија дека студентите одат на испити во групи, со поддршка од пријатели.
Нивните родители, од друга страна пак, одат во храмовите и црквите да се молат за иднината на своите деца.
Јавниот притисок врз учениците и нивните резултати на испитот за прием на колеџите и универзитетите во Јужна Кореја, се сметаат за главна причина за депресијата и стапката на самоубиства кај младите луѓе, што во таа земја е највисока во светот.
Годишниот испит кој секогаш се одржува во месец ноември, ги вклучува предметите математика, наука и тестови од областа на јазиците.