Ekipa
01 Април 2018•Ажурирај: 02 Април 2018
АЗАЗ / АНКАРА (АА) - ЛЕВЕНТ ТОК/МУХАМЕД МИСТО -
Соединетите Американски Држави (САД) преземаат превентивни мерки против можна вонредна операција на подрачјето на Мунбич од страна на Турција, која сака подрачјето да го исчисти од тетористи.
Според информациите добиени од доверливи извори, Anadolu Agency (AA) дознава дека американските сили испратиле воено засилување во подрачјето на Мунбич, западно од реката Еуфрат.
САД испратиле 300 војници и голем број оклопни возила и градежна машинерија на фронталната линија западно од Мунбич, кој е под окупација на терористите на ЈПГ/ПКК, и подрачјето ослободено од Офанзивата „Штитот на Еуфрат“.
Американските сили се стационирале во селото Зун-ул Бејн, западно од местото Сачу Чаји, позиции на линијата на фронтот меѓу регионот ослободен во рамките на Офанзивата „Штитот на Еуфрат“ и териториите окупирани од терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Американските војници стационирани во подрачјето на Мунбич пристигнаа од базата Себет која се наоѓа во подрачјето на Сирин, источно од Мунбич.
Во моментов, САД имаат три набљудувачки точки во Тухар, Хилванџи и Дадат, сместени на границата на фронтот од териториите ослободени во Офанзивата „Штитот на Еуфрат“, кои се под контрола на опозицијата.
- Зачестени патроли -
Военото засилување, наместо досегашните неделни контроли, започна да спроведува дневни контроли во подрачјето на Саџу Чаји.
Американските сили, истовремено, последните три дена спроведуваат патроли во подрачјето на Расул Ајн, кое се наоѓа спроти турскиот граничен премин Џејланпинар.
Градот Мунбич, кој се наоѓа во подрачјето на Алепо, од август 2016 година досега е под окупација на ЈПГ/ПКК, благодарение на американската помош.
Соединетите Американски Држави (САД), кои ја продолжуваат соработката со ЈПГ/ПКК под изговор за заедничко делување во борбата против ДЕАШ, имаа ветено дека по расчистувањето на градот од ДЕАШ, ЈПГ/ПКК ќе се повлече од центарот на градот, и раководењето со подрачјето ќе му го препушти на локалното население.