Alma Çekovic
27 Мај 2016•Ажурирај: 28 Мај 2016
ИСЕ-ШИМА (АА) - Гласањето за излегување на Велика Бртанија од ЕУ би можело сериозно да го загрози глобалниот раст, се наведува во заедничката изјава на лидерите на седумте водечки индустриски земји (Г7), пренесува Anadolu Agency (AA).
Претставниците на земјите Г7 во завршната изјава укажаа дека излезот на Велика Британија од 28 члениот блок негативно би влијаела на тенденциите за зголемена глобална трговија, инвестирање и вработување.
Во завршната изјава, лидерите на земјите Г7 истакнаа дека глобалниот раст е приоритет за да се изборат со заканите на светската економија и безбедноста.
Во фокусот на дводневниот состанок во планинскиот предел Исе-Шима, 300 километри југозападно од Токио, освен светските економски предизвици, референдумот за понатамошно членство на Бртитанија во ЕУ, беа и прашањата за здравство, сајбер и поморска безбедност, како и мигрантската криза во Европа.
Г7 исто така објави акциски план за борбата против тероризмот, кој, се надеваат, дека ќе ги затвори „ критичните празнини” во капацитетот во меѓународната соработка, пренесува Би-би-си.
Во соопштението на лидерите на земјите Г7, мигрантската криза во Европа е опишана како глобален предизвик кој бара глобален одговор, зголемена помош на меѓународните финансиски институции и земји на донатори
Лидерите Г7 изразија загроженост поради ситуацијата во Источното и Јужно кинеско море, каде споровите во врска со територијалните права доведоа до зајакнување на тензиите во тој регион во изминатиот период.
Иаку во соопштението не се споменува Кина ниту нејзиното ширење во територијалните спорни води, лидерите Г7 повикаа на почитување на слободата на пловидба и мирно решавање на конфликтите по правен пат.