Halil Demir
24 Октомври 2018•Ажурирај: 25 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во рамки на истрагата за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, саудиските претставници не им дозволиле на безбедносните службеници да вршат испитување на бунарот во градината на Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од безбедносните извори, добиени се нови детали во врска со истрагата околу убиството на Кашоги на 2 октомври во саудискиот Конзулат во Истанбул.
Во рамки на оваа истрага, безбедносните службеници извршија претрес со цел откривање докази во зградата и резиденцијата на Конзулатот.
Саудиските претставници не им дозволиле на безбедносните службеници да вршат прегледување на бунарот во градината на Конзулатот.
Новинарот и колумнист на весникот „Вашингтон пост“ (The Washington Post), Џамал Кашоги, исчезна на 2 октомври по влегувањето во комплексот на Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.
Турските безбедносни извори претходно потврдија дека Кашоги не ја напуштил зградата на Конзулатот, и дека во тој период во Конзулатот престојувале 15 саудиски државјани и службеници, кои со посебни летови дошле, а потоа и ја напуштиле Турција.
Турција и Саудиска Арабија формираа заедничка работна група која го истражува овој случај.
Спроведена е истрага во саудискиот Конзулат и во резиденцијата на генералниот конзул на оваа земја во Истанбул.
Администрацијата на Саудиска Арабија на 20 октомври соопшти дека Џамал Кашоги починал како резултат на расправија во зградата на Конзулатот.