Yıldız Aktaş
29 Ноември 2018•Ажурирај: 29 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - ЈИЛДИЗ АКТАШ -
Од вкупно 3 милиони и 597 илјади регистрирани Сиријци во Турција, 559.058 живеат во градот Истанбул, и со тоа Истанбул е домаќин на секој 6,4-ти Сириец кој живее во оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералната дирекција за доживотно учење при турското Министерство за национално образование, извештајот во врска со образованието на Сиријците во Турција го поднесе до Поткомисијата за миграција и интеграција формирана во рамки на Комисијата за човекови права во турскиот Парламент.
Во извештајот се наведува дека според податоците на Генералната дирекција за миграција при турското Министерство за внатрешни работи, бројот на регистрирани Сиријци во Турција минатата година изнесувал 3 милиони 426 илјади и 786, додека оваа бројка заклучно со 15 ноември се искачила на 3 милиони 597 илјади и 938 лица.
Најмногу Сиријци регистрирани во Турција живеат во Истанбул, 559.058, односно секој 6,4-ти Сириец во оваа земја живее во Истанбул, потоа следуваат Шанлиурфа (460.064), Хатај (440.089), Газиантеп (413.538), Адана (227.726), Мерсин (206.672), Бурса (160.840), Измир (140.403), Килис (122.657) и Коња (102.756).
Состојбата со бројот на Сиријците во 10 града во Турција, заклучно со 15 ноември е следна:
| Град | Број на Сиријци |
| Истанбул | 559.058 |
| Шанлиурфа | 460.064 |
| Хатај | 440.089 |
| Газиантеп | 413.538 |
| Адана | 227.726 |
| Мерсин | 206.672 |
| Бурса | 160.840 |
| Измир | 140.403 |
| Килис | 122.657 |
| Коња | 102.756
|