Ahmet Salih Alacacı
29 Ноември 2018•Ажурирај: 29 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Турција денес упати критики за одлуката на Британскиот суд, нарекувајќи ја „неприфатлива и крајно разочарувачка“, поради одбивањето на барањето на Турција за испорачување на обвинети припадници на терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
„Одлуката на Врховниот суд на Вестминстер за одбивање на испорачување на Хамди Акин Ипек, Али Челик, Талип Вујук и Мустафа Јешил, е целосно неоснована“, изјави порпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Хами Аксој.
„Очекуваме брзо враќање на овие лица во Турција, со цел да им се суди пред турските судови“, рече Аксој, додавајќи дека Анкара ќе продолжи со своите напори во таа насока.
Тој нагласи дека Турција строго ги критикувала британските власти поради одбивањето на барањето за испорачување, издадено од страна на Анкара за обвинетите припадници на ФЕТО, нарекувајќи го таквиот чин за неприфатлив.
Турција има право да поднесе жалба на пресудата на Судот во рок од 14 дена.
Ипек беше уапсен во мај, по барањето на Турција за негова екстрадиција поради обвиненијата поврзани со обидот за државен удар.
Судот го конфискуваше неговиот пасош и му забрани напуштање на Лондон, но го ослободи со кауција од 50.000 фунти (66.000 долари).
Ипек, обвинет за обид за соборување на турската Влада и кршење на Уставот, може да се соочи со две казни отежнат доживотен затвор.
Тој, исто така, се соочува со можни 132 години затвор за формирање вооружена терористичка група, за воена и политичка шпионажа, фалсификување документи и перење пари во Турција.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а беа ранети речиси 2.200.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за рушење на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и правосудството.