Halit Süleyman,Ayşe Aktaş
11 Октомври 2016•Ажурирано: 12 Октомври 2016
АЛЕПО (АА) - Најмалку 43 лица загинаа во воздушни напади извршени врз населбите во сирискиот град Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставникот на цивилната заштита во Алепо, Енсар Неџиб, за АА изјави дека авиони бомбардирале различни подрачја со 30 разорни бомби.
Според него, цел на нападите биле населбите со цивили. Во Бустан ел-Касро загинале 27, во Фирдевс 14 а во Катириција двајца цивили.
Во бомбардирањата ранети се 80 лица, а претставникот на цивилната заштита на Алепо додаде дека под урнатините се наоѓаат голем број цивили.
Тој нагласи дека бомбардирањата се изведени во подрачја во источниот дел на Алепо, Мувасалат, Салихин како и Келесе, Мујесир, Ел-Чезмети, Месекин, Хасекин, Ханан, Кади Ашкер и Рашдин.
Повредени се голем број жени и деца, а постои загриженост дека бројот на загинати може да порасне. Разорните бомби кои се коирстени во бомбардирањето на споменатите населби во Алепо имале слично влијание како земјотрес, а можат да направат кратери од пет до седум метри.