Mohamad Misto,Meryem Kasım
21 Февруари 2016•Ажурирај: 22 Февруари 2016
ХОМС (АА) - Најмалку 40 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во двојна експлозија во центарот на сирискиот град Хомс, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименувани локални извори објавија дека нападот со два автомобил-бомби е извршен во период од 20 минути на улицата Ал Ситен во Хомс под контрола на силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Според првичните информации на истиот број на мртви беше 25. Меѓу повредените има и голем број на загрозени животи, а се стравува дека билансот на смртни случаи може да порасне.
Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Паралелно со тоа, сириска новинска агенција САНА ја пренесе изјавата на гувернерот Талал Баразија, кој го осуди нападот и соопшти дека во нападот на бомбите автомобили загинаа најмалку 32 лица.