Şenhan Bolelli
20 Јануари 2021•Ажурирај: 21 Јануари 2021
МАДРИД (АА) - Силна експлозија одекна денес во попладневните часови во зграда во центарот на Мадрид, главниот град на Шпанија, јавува Агенција Анадолија(AA).
Експлозијата се случи околу 15 часот во зграда во квартот Пуерто де Толедо во центарот на Мадрид.
На видеата објавени на социјалните мрежи може да се види дека како последица на експлозијата значително е оштетен горниот дел од зградата, а според изјавите на очевидци во експлозијата се повредени неколку лица.
На снимките, исто така, се гледа дека се оштетени голем број автомобили паркирани на улицата во моментот на експлозијата.
Голем број екипи на цивилната заштита, противпожарните и службите за итни случаи веќе се на местото на експлозијата. Се наведува дека до зградата во која се случи експлозијата има дом за стари лица и црква.
Локалните медиуми пишуваат дека можно е истекување на гас да е причина за експлозијата.