Ekipa
04 Април 2017•Ажурирај: 04 Април 2017
ИДЛИБ (АА) - Министерот за здравство на Привремената сириска влада, Ферас Џунди, соопшти дека во нападот со хемиско оружје што режимските сили го изведоа во појасот Хан Шејхун, животот го загубија повеќе од 100 цивили, а од гасот се затруени петстотини, од кои поголеиот дел се деца, јавува Anadolu Agency (AA).
На прес-конференцијата што ја организираше, Џунди потврди: „Во 07.15 часот, јужно од Идлиб, во руралниот предел во областа на Хан Шејхун, извршен е воздушен напад со ракети од отровен гас“.
Бидејќи во подрачјето нема доволен број болници во коишто би се лекувале големиот број затруени и ранети, Џунди соопшти дека лицата што се во критична состојба, со амбулантни возила се префрлени во Турција.
„Бројот на загинатите е поголем од 100, а од гасот се затруени петстотини, од кои поголеиот дел се деца“, соопшти Џунди.
Тој ја истакна својата загриженост од зголемувањето на бројот на загинатите.
Во последните 10 дена, режимот на Асад изведе четири напади со хлорен нас врз цивилите. На 25 март, во нападот изведен во појасот Латамне, во областа Хама, животот го загубија двајца цивили, а триесетмина беа затруени од гасот. На 30. март, во Дамаск, во подрачјето Кабун беше изведен напад со хлорен гас, во кој жртви на затруеност од гасот беа 35 цивили.
Синоќа, во појасот Ел Хабит беше изведен напад со хлорен гас, во кој загинаа 20 цивили.