Eman Nassar,Afra Aksoy
13 Септември 2016•Ажурирај: 14 Септември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад тврдат дека во јужниот град Кунејтра собориле еден воен и еден извиднички авион во сопственост на израелската војска, јавува Anadolu Agency (AA).
Телевизијата Ал-Ехбарија (Al Ekhbariya), повикувајќи се на извор од Главната команда на сириските сили, објави дека израелските авиони извршиле напад на воени позиции во околината на Кунејтра.
Во противнападот на воздушните сили, во околината на Кунејтра соборени се израелски воен авион и еден извиднички авион во близина на градот Саса.
Израелската војска ги негираше тврдењата за соборувањето на двата авиона.
Портпаролот на израелската војска А. Адрае изјави дека израелските авиони биле далеку од каква било опасност.
Адрае потсети и на нападите од територијата на Сирија кон Израел, кои се случија во текот на ноќта, при што Израел го возврати нападот.