Adham Kako
01 Јули 2018•Ажурирај: 02 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Околу 198.000 цивили од сириската Дера, врз која режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и неговите сојузници минатиот месец започнаа напади, побегнаa кон границата со Јордан и Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Сириската мрежа за човекови права (SNHR) објави извештај за нападите врз областите под контрола на опозицијата во Дера, и последиците од нив.
Во нападите на силите на Асадовиот режим, кои со руска воздушна поддршка беа извршени помеѓу 15 и 30 јуни, загинаа 214 цивили, вклучително 65 деца и 43 жени.
Режимските сили и нивните сојузници, по преземањето на зоните без судири во Источна Гута во Дамаск и Хомс, во средишниот дел на земјата, на 20 јуни започнаа копнена операција.
Дера и Кунејтра, кои се наоѓаат во југозападниот дел, беа една од четирите зони без судири договорени на состанокот во Астана во мај 2017 година. Русија, САД и Јордан, два месеца подоцна ги ставија Дера и Кунејтра во посебен договор.
Соединетите Американски Држави (САД) ја прекинаа помошта за опозицијата на тоа подрачје.
Официјалните претставници на Обединетите нации (ОН), честопати изразуваат загриженост за животите на 750.000 луѓе во Дера.