Almir Terzic
24 Април 2016•Ажурирај: 25 Април 2016
БЕЛГРАД (АА) - Според првите неофицијални резултати од предвремените парламентарни избори во Србија, најголем дел од гласовите освои коалицијата собрана околу Српската напредна странка (СНС) на Александар Вучиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Центарот за слободни избори и демократија (Цесид), врз основа на 31 отсто од гласовите, коалицијата собрана околу СНС има 52 отсто од гласовите, Социјалистичката партија на Србија 13,6 отсто, Српската радикална странка (СРС) на Воислав Шешељ за 7,2 отсто, а Демократската партија (ДС) 5,5 отсто од гласовите.
Врз основа на овие резултати,изборниот праг што изнесува пет отсто, врз основа на 31 отсто од преброените гласови, сè уште не го преминале коалицијата ДСС-Двери, но ниту коалиција СДС-ЛДП, ЛСВ. Се наведува дека овие две коалиции се на ниво од четири до пет отсто на освоени гласови.