Admir Fazlagikj
14 Март 2016•Ажурирано: 15 Март 2016
ГЕВГЕЛИЈА (АА) - Околу 600-700 бегалци нелегално влегле на македонска територија од Грција кај гевгелиското село Моин денес околу 15 часот, при што македонската полиција во соработка со МВР работи на нивно враќање во Грција, потврдија за Аnadolu Аgency од МВР.
Илегалното преминување на бегалците на територијата на Македонија го следеле триесетина странски новинари и фоторепортери кои илегално од Грција влегле во Македонија, поради што се приведени во полициска станица во Гевгелија, каде што се врши распит во врска со ситуацијата.
Новинарите сведочат дека имало илјадници бегалци кои се во обид илегално да влезат на територијата на Република Македонија.
Исто така, МВР информира дека безбедносните сили преземаат засилени мерки на безбедност поради сè почестите обиди на бегалците да влезат во Македонија. кои веќе со недели се заглавени во Идомени, во Грција.