Vesna Besiç
09 Јули 2016•Ажурирај: 10 Јули 2016
ПОТОЧАРИ (AA) - Конвојот со 127 ковчези со посмрртните остатоци на жртвите од геноцидот во Сребреница кој утрово тргна од Високо, по проаѓањето низ главниот град на БиХ и оддавањето почест на жртвите, стаса во Поточари каде на 11 јули ќе биде одржан колективен погреб на жртвите, јавува Anadolu Agency (AA).
Конвојот во поранешната Фабрика за акомулатори во Поточари го дочекаа семејствата на убиените, соседите и пријателите.
Тивко, како и во претходните години, тие формираа два реда од камионот со посмртните остатоци на сребреничките жртви па до влезот во просторот на некогашната фабрика за да на раце ги пренесат ковчезите.
Ковчезите со посмртните остатоци на жртвите, кои се убиени во јули 1995 година, ќе бидат изнесени на 10 јули во Мусала во мезарите (гробишта) на Меморијалниот центар- Поточари.
Ковчезите на 127-те жртви, чии посмртни остатоци се пронајдени главно во секундарните масовни гробници, спремни се за колективен погреб во Поточари каде ќе го најдат вечниот мир.Највеќе жртви има од подрачјето на Сребреница, Братунац, Власеница, Зворник и Милиќи.
Меѓу нив има и 12 малолетници. Најмладата жртва која ќе биде погребана на 11 јули оваа година во Поточари е 14-годишната Авдија (Емин) Мемиќ. Тој ќе биде погребан заедно со својот чичко Абдурахман и неговиот малолетен син Халил, кој имаше 16 години кога е убиен. Најстарата жртва имаше во моментот на смртта 77 години.
До денес во Меморијалниот центар во Сребреница-Поточари се закопани 6.377 жртви од геноцидот. Во геноцидот над Бошњаците на Сребреница во јули 1995 година кој го изврши тогашната Војска на Република Српска, убиени се повеќе од 8.000 луѓе, највеќе мажи и момчиња.
Геноцидот во Сребреница е најголемо масовно злосторство извршено на тлото на Европа по холокаустот во Втората светска војна.