Hakan Çopur
06 Декември 2017•Ажурирај: 07 Декември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е време Ерусалим официјално да биде признаен како главен град на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
„Време е за Ерусалим да биде официјално признаен како главен град на Израел", рече Трамп на прес-конференција.
Тој нагласи дека веќе ѝ наредил на американската администрација да започне со подготовките за преместување на амбасадата на САД во Ерусалим.
„На Стејт Департментот му наредив да започне со подготовките за да ја премести нашата Амбасада од Тел Авив во Ерусалим", рече Трамп.
На крајот, тој додаде дека САД продолжуваат да ја поддржуваат идејата за дводржавно решение. „САД и понатаму продолжува да го поддржува дводржавното решение за Израел и Палестина", рече американскиот претседател.
Тој нагласи дека САД сé уште не донеле никаква одлука во врска со границите за кои Израел и Палестина не се согласуваат.