Emel Öz Gözellik
24 Септември 2018•Ажурирај: 25 Септември 2018
БРИЏВОТЕР (AA) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, истакна дека наскоро ќе се одржи втор самит со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп во своето обраќање на состанок во Обединетите нации (ОН) нагласи дека односите меѓу САД и Северна Кореја се мошне развиени.
Трамп рече дека американскиот државен секретар, Мајк Помпео, работи на деталите околу вториот самит со севернокорејскиот лидер Ким, кој можно е да се одржи наскоро.
Трамп и Ким на 12 јуни се состанаа во Сингапур, а по самитот двајцата лидери постигнаа согласност за денуклеаризација на Северна Кореја.
Но, во наредните недели почна да се влошува дипломатската клима меѓу двете земји, а американската страна ја обвини Северна Кореја дека не се откажува од нуклеарната програма.
Иако војната меѓу Јужна Кореја и Севера Кореја е завршена со потпишување на примирјето во 1953 година, таа технички сè уште се смета дека продолжува поради тоа што не е потпишан мировен договор.