Betül Yürük
24 Септември 2018•Ажурирај: 25 Септември 2018
ЊУЈОРК (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, се состанаа зад затворени врати во седиштето на ОН во Њујорк, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган, кој престојува во Њујорк по повод 73. заседание на Генералното собрание на ОН, се состана со Гутереш.
Пред состанокот, турскиот претседател се потпиша во книгата на впечатоци.
Состанокот на двајцата официјални лица се одржа зад затворени врати. За време на својот престој во Њујорк, Ердоган одржа низа други билатерални средби.
Во Њујорк од 25 до 27 септември ќе се одржи 73. заседание на Генералното собрание на ОН.