Sarp Özer
20 Март 2016•Ажурирај: 21 Март 2016
АНКАРА (AA) - Турскиот министер за внатрешни работи Ефкан Ала изјави дека идентифицираниот бомбаш самоубиец кој го изведе вчерашниот напад во центарот на Истанбул, според достапните информации, беше член на терористичката организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
"Терористот кој го изведе свирепиот напад е идентификуван како Мехмет Озтурк. Тоа лице, терорист, е родено 1992 година и е државјанин на Република Турција од Газиантеп. Според сознанијата до кои досега дојдовме, се укажува дека бил поврзан со терористичката организација ДАЕШ", рече министерот Ала.
Истакнувајќи дека во текот на опсежната истрага за вчерашниот терористички напад во Истанбул, министерот Ала рече дека до сега се приведени пет лица осомничени дека се поврзани со тој настан.
Ала порача дека Турција ќе ја продолжи решителната борба против тероризмот.
Бомбашот самоубиец вчера во 11 часот по локално време го активираше ексползивот во улицата Истиклал во Истанбул. Во таа прилика се ранети 39 лица, меѓу кои беа и 24 државјани.