Enes Kaplan
17 Октомври 2017•Ажурирај: 17 Октомври 2017
ВАРШАВА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска пристигна во официјална посета во Полска, а пред претседателската палата во Варшава беше пречекан од страна на претседателот на Полска, Анджеј Дуда, јавува Anadolu Agency (AA).
По официјалниот прием, претседателите на двете земји, Дуда и Ердоган, одржаа билатерален состанок, а подоцна им се приклучија и проширените делегации од претставници.
По состанокот, Ердоган и Дуда ќе потпишат серија билатерални договори, а потоа треба да се обратат и пред новинарите
Заедно со Ердоган, во Варшава пристигна голема делегација турски министри и бизнисмени, а целта на посетата е да се зајакне економската соработка меѓу двете земји.