Özcan Yıldırım
10 Јуни 2018•Ажурирај: 11 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Турските воздухопловни сили извршија нови жестоки удари и уништија 14 упоришта на терористичките организации на ПКК во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на Турската армија објави дека турските бомбардери извршиле напади врз новолоцираните скривалишта, складишта на оружје и упоришта на ПКК на планината Кандил.
Во соопштението се вели дека сите 14 упоришта биле уништени во целост.
Планините Кандил, Гара, Метина, Авашин-Басјан, Хакурк и Зап се наоѓаат северно од Ирак долж ирачко-турската граница. Станува збор за област која е позната како колевка на терористичкото движење ПКК.
Турските сили спроведуваат сеопфатна борба против терористите на ПКК во Турција, како и на северот на Ирак и Сирија.
Антитерористичките акции во пограничните региони на Ирак и Сирија се базирани на правата на Турција, засновани на Меѓународното право за самоодбрана и резолуциите на Обединетите нации во однос на борбата против тероризмот.
Акциите се спроведуваат со почитување на територијалниот интегритет на соседните земји и со цел да се неутрализира терористичката закана.