Burcu Arik
13 Февруари 2017•Ажурирај: 14 Февруари 2017
ЕДРЕНЕ (АА) – Од безбедносни извори се дознава дека денес, во близина на грчката граница, турската жандармерија притвори двајца осомничени членови на терористичката организација ФЕТО заедно со нивните семејства, јавува Anadolu Agency (AA).
Се смета дека двајцата осомничени (поранешни воени лица) и нивните семејства се обиделе да побегнат во Грција, додаваат изворите.
Групата беше задржана од страна на полицијата во подрачјето Мерич, во турската северозападна област Едрене.
Исто така, безбедносните сили кај осомничените лица пронајдоа и 4.000 евра (4.260 долари) и 2.000 турски лири (приближно 540 долари), велат изворите.
Четирите возрасни лица се притворени, а нивните деца се испратени кај нивни роднини, додаваат изворите.
ФЕТО стои зад обидот за државен удар што се случи во Турција минатата година, во кој загинаа 248 лица.
По обидот за државен удар, Турција воведе вонредна состојба во која десетици илјади вработени во јавниот сектор беа отпуштени или суспендирани од работните места поради поврзаност со терористичката мрежа.
Бројот на турски граѓани кои илегално влегоа во Грција по неуспешниот обид за државен удар што се случи на 15 јули изнесува 100, вклучувајќи ги и осумтемина пребегнати турски војници-пучисти.
Турската Влада постојано бара да бидат испорачани осумтемина војници пучисти, ветувајќи дека ќе поминат низ фер судење.
Сепак, на 26 јануари, грчкиот Врховен суд одлучи да не испорача ниту еден од пребегнатите турски војници-пучисти.