Mehmet Tosun
13 Февруари 2017•Ажурирај: 13 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Во изминатите 24 часа, припадниците на копнените сили на Турција фатија 1.248 странски државјани, кои по илегален пат се обиделе да влезат во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците од Генералштабот на турската војска, станува збор за државјани на Сирија, Ирак и на Иран. Во обид на илегален премин во Турција се приведени 1.169 лица од Сирија, 78 од Ирак и едно лице од Иран.
За време на полициската интервенција, запленето е и едно возило на сириската граница. Во обид за илегален премин од Турција во Сирија и во Грција се приведени 65 лица.