Erdal Türkoğlu
31 Јануари 2018•Ажурирај: 31 Јануари 2018
ХАТАЈ (АА) - Едно од двете ранети лица им подлегна на повредите здобиени од двата ракетни напади што припадниците на терористичката организација ПЈД/ПКК ги извршија од Африн во Рејханли, Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористите од Африн, против кои Вооружените сили на Турција (TSK) од 20 јануари ја водат операцијата „Маслинова гранка“, лансираа ракета чија мета беше трикатна куќа во населбата Ѓултепе Рејханли. Кратко потоа на мета се најде и друга куќа во истата населба. На местото од нападот беа упатени медицински, полициски и пожарникарни служби.
Во нападите беа ранети две лица кои беа префрлени во болница. Сепак, 17-годишната Фатма Авлар им подлегна на повредите во болницата во Хатај.
Од нападот причинета е и материјална штета на неколку објекти и возила. Истрагата е во тек.