Kurbani Geyik
07 Април 2016•Ажурирај: 07 Април 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер Ахмет Давутоглу, со највисоки државни почести го прими претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздичќ кој се наоѓа во официјална посета на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
По свеченото интонирање на националните химни на Турција и Босна и Херцеговина, Звиздиќ ја поздрави почесната гарда, а потоа со Давутоглу оствари краток разговор на балконот на палатата Чанкаја.
Започна официјалниот почеток на состанокот на шефовите на владите на двете земји, а по завршувањето се очекува Давутоглу и Звиздиќ заедно да се обратат пред новинарите.
Официјалната посета на делегацијата на Советот на министри на БиХ предводена од претседавачот со Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ на Република Турција започна утрово со посетата на мавзолејот на Кемал Ататурк во Анкара, каде што Звиздиќ положи венец и се потпиша во книгата на честа.
Делегација на Советот на министри на БиХ потоа го посети Kизилај каде што положија цвеќе и им оддадоа почит на жртвите од терористичките напади.
Покрај претседавачот Звиздиќ, делегацијата на Советот на министри на БиХ се состои од министерот за надворешна трговија и економски односи Мирко Шаровиќ, министерката за одбрана Марина Пендеш и министерот за цивилни прашања, Адил Османовиќ.