Halil Demir
13 Мај 2016•Ажурирај: 14 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Во врска со бомбашкиот терористичкиот напад во Санџактепе, беше спроведена истовремена акција на 70 локации во Истанбул.Во операцијата се притворени осум лица, меѓу кои се наоѓа и И.И., член на терористичката организација ПКК, под обвинение дека го паркирал возилото-бомба на местото на нападот и со далечински управувач ја активирал, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените инфорации, екипи на Дирекцијата за борба против тероризмот на истанбулската полиција и Дирекцијата за разузнавање спровеле истовремена заедничка операција на 70 локации. Во операциите, под сомневање дека се членови на ПКК, притворени се осум лица.
Меѓу притворените се наоѓа и лицето И.И., кој го паркирало возилото полно со експлозив на местото на нападот и со далечински управувач ја активирал бомбата. Се дознава дека продолжува испитувањето на приведените лица и можно е зголемување на бројот на приведени лица.
Во терористичкиот напад во Санџактепе, каде со помош на далечински управувач експлодира паркирано возило-бомба во момент кога покрај него минувало воено сервисно возило, беа повредени осум лица, од кои пет војници и три цивили.