Tuğrul Çam
29 Јуни 2018•Ажурирај: 29 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, изјави дека Русија, Иран и САД се одговорни за режимските напади во југозападниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу гостуваше во турската информативна телевизија „НТВ“, каде што одговараше на прашањата на новинарите во врска со актуелните случувања.
Турскиот министер ги коментираше и последните случувања во Сирија, поконкретно нападите на силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, во јужниот дел на земјата.
„За режимските напади во јужниот дел на Сирија се одговорни Русија, Иран и САД“, изјави Чавушоглу.
Тој потсети дека во Договорот за зони без судир во Астана се наоѓаат и јужните сириски региони, и дека е договорено заедничко движење, односно дека гаранти на режимот се Иран и Русија, а гарант на опозицијата е Турција.
Чавушоглу изјави дека потоа САД и Русија постигнале договор за овој регион, според кој опозицијата е на една, а режимот на друга страна.
„Режимот сега изврши напад на овие региони. Кој го направи тој договор? САД и Русија. Двете земји се одговорни и мора да го запрат ова. Ако сите договори бидат прекинати, политичкото решение, Женева, Астана, Сочи, нема да имаат никаква смисла. Во тој случај ќе биде продолжен хаосот. Секој треба да ги исполни своите обврски. Ние се изјаснивме по тоа прашање, но тука се одговорни и САД. Бидејќи потпишаа договор со Русија, што ги обврзува да ги запрат нападите и да преземат неоподни мерки. Нехумано е да се потпише договор, а кога ќе дојде до напади да се ќе каже 'дојде до напад, што можам јас тука'“, порача Чавушоглу.