Tuğrul Çam
09 Октомври 2017•Ажурирај: 09 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Република Турција го повика на разговор Филип Коснет, заменик-шеф на мисијата на амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван извор од Министерството, за АА соопшти дека на Коснет му е пренесено дека Турција очекува САД да се откажат од одлуката за суспензија на издавањето визи за турските државјани, која ја сметаат за непотребно вознемирување и предизвиување тензии.
На разговор во министерството е повикан Коснет бидејќи американскиот амбасадор Џон Бас моментално не е во Анкара.
Претходно, американската амбасада соопшти дека го суспендира издавањето визи за сите неимигрантски барања во сите дипломатски претставништва во Турција, со цел да се сведе на минимум бројот на посетители на мисиите.
Како одговор на тоа, турската амбасада во Вашингтон вчера ги суспендираше сите процедури поврзани со издавање визи за државјаните на САД, во сите дипломатски мисии во САД.
Со истрагата на заговорот кој од 17 до 25 декември 2013 година во Турција го изведе терористичката организација ФЕТО, е утврдено дека службеникот на Генералниот конзулат на САД во Истанбул, Метин Топуз, бил во контакт со обвинетите поранешни директори на полицијата и поранешниот обвинител, кој сѐ уште е во бегство, Зекерија Оз.
Топуз по налог на Обвинителството во Истанбул е уапсен за обид за уривање на уставниот поредок, за шпионажа и обид за уривање на Владата на Република Турција.
По апсењето на Топуз следеше реакција на САД. Во одговорот на таа реакција, Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека на 25 септември 2017 година од слобода лишениот не се наоѓа на официјалниот список на вработени во Конзулатот на САД, и дека нема никаков дипломатски или конзуларен имунитет или погодности.