Fuat Kabakcı
23 Мај 2019•Ажурирај: 24 Мај 2019
ПЕКИНГ (АА) - Кина го презентираше прототипот на возот „Маглев“, кој ќе достигне брзина од 600 километри на час, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кинеската централна телевизија (CCTV) во градот Чингдао, во кинеската покраина Шандонг, го снимаше прототипот на возот „Маглев“ во текот на склопувањето.
Динг Сансан, заменик-главен инженер на компанијата „China Railway Rolling Stock Corporation (CRRC) Qingdao Sıfang Co“, кинеска државна компанија која го разви овој проект, истакна дека овој прототип може да ги тестира важните технологии кои имаат клучно значење, како и системските компоненти на системот на „Маглев“ возови со голема брзина.
Динг нагласи дека ќе создадат технолошка основа за инженерските работи за овој прототип.
„Прототипот успеа да реализира статично тргнување и е во добра состојба“, додаде тој.
Постои дел од прототипот со еден вагон, чии работи за истражување и развој се вршат без проблем, во 2020 година да излезе од процес на склопување и да се изврши првото тест-возење од 5 километри.
Компанијата планира во 2021 година да ги реализира сеопфатните тестирања на возот „Маглев“ и да го заврши тест-периодот.
Проектот на возовите „Маглев“ се смета за еден од најзначајните проекти на 13. петгодишен план (2016 - 2020) на Кинеската комунистичка партија.
Администрацијата на Пекинг во последните години реализира големи инвестиции во проектите за возови со висока брзина, а почнувајќи од 2017 година ја зголеми должината на железничките линии за брзи возови на 25.000 километри.
Првиот комерцијализиран воз „Маглев“ во светот беше пуштен во употреба во 2005 година во јапонскиот град Нагоја.
Јапонија во 2015 година со возот „Маглев“ постигна рекордна брзина од 603 километри на час.