Vesna Besiç
22 Јуни 2019•Ажурирај: 23 Јуни 2019
ПАРИЗ (АА) - Во Франција се одржува 53. „Париз ер шоу“ (Paris Air Show), меѓународниот саем на кој водечките светски компании на авиоиндустријата ги изложуваат најсовремените авиони и летала, јавува Anadolu Agency (AA).
Саемот се одржува на подрачјето на францускиот аеродром „Ле Бурже“ (Le Bourget).
Досега се претставени низа модели на патнички авиони, меѓу кои е и „Airbus A380“. Претставени се „Dassault Rafale“ и хеликоптерот „Atak“.
Претставен е и францускиот авион „Patrouille de France“.
На овогодишниот саем, како и во претходните години, ќе бидат изложени повеќе од 100 летала (авиони, дронови и хеликоптери).
На 51. Саем одржан во 2015 година се изложени 150 летала, а се претставија 2.303 изложувачи од 48 земји. Истата година, саемот го посетија повеќе од 350.000 луѓе.
Саемот зазема важно место во календарите на многу љубители на авиоиндустријата, па нема сомнеж дека и оваа година интересот ќе биде голем.