Gözde Bayar
20 Јуни 2019•Ажурирај: 23 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Значителен број деца под петгодишна возраст претрпеле оштетувања од козметичките производи, се вели во нajновата студија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Речиси 65.000 деца на возраст под 5 години биле хоспитализирани поради несреќи предизвикани од козметички производи, откри истражувањето на Журналот за клиничка педијатрија, во кое биле опфатени одделите за итни случаи во Соединетите Американски Држави (САД) во периодот од 2002 до 2016 година.
„Несаканите случки најчесто биле поврзани со производи за нега на нокти (28,3%), нега на коса (27%), нега на кожа (25%) и ароматичните производи (12,7%)“, открива студијата.
Се додава дека производите кои предизвикале проблеми се дел од поголема палета, од отстранувачи на лак за нокти, па сѐ до парфеми и колонски води, од хемиски исправувачи на коса, па сѐ до лосиони за тело.
Нагласувајќи дека најчесто најмногу се афектирани деца на возраст под 2 години, во студијата се вели дека труењето е најчестата дијагноза со 86,2% од случаите.
Откривајќи дека од козметичките производи, според бројот, момчињата биле почесто афектирани за разлика од девојчињата, студијата открива дека 99 отсто од случаите на несреќи се случиле дома.
Студијата доби на важност бидејќи е прва студија која има користено репрезентативен примерок на национално ниво за прикажување несреќи поврзани со козметиката кај децата под петгодишна возраст.
„Клиничка педијатрија“ (Clinical Pediatrics), која е месечно списание за рецензии, се фокусира на клиничките истражувања, здравствените проблеми на заедницата, проблемите поврзани со однесувањето и образованието.