Servet Günerigök
04 Март 2021•Ажурирај: 05 Март 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Прототипот на ракетата „Старшип“ на компанијата „Спејс екс“ (SpaceX) со сериски број 10 (СН10) експлодира осум минути по успешното слетување вчера на лансирната рампа во американската сојузна држава Тексас, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Прототипот на ракетата леташе повеќе од 10 километри над Тексас и слета по повеќе од шест минути по лансирањето.
Ова е трето тестирање на ваков лет.
Претходниците на прототипот, СН8 и СН9, кои беа лансирани на 9 декември 2020 година и на 2 февруари оваа година, експлодираа откако го допреа тлото.
„Третиот пат е шарм, како што вели поговорката. Прекрасно слетување на местото за слетување“, рече Џон Инспуркер, главниот инженер на „Спејс екс“, за време на настанот кој се пренесуваше во живо.
Најверојатно, причината за експлодирањето на ракетата СН10 е истекување на горивото.
Според компанијата, ракетата „Старшип“ треба да биде транспортен систем кој ќе се користи повеќекратно за пренос на екипаж и товар до орбитата на Земјата, до Месечината, Марс и пошироко.