Alaattin Doğru
10 Декември 2021•Ажурирај: 15 Декември 2021
АНКАРА (АА) - Научниците открија дека слушањето музика 20 минути дневно ја ублажува мигрената и главоболките, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пилот-студија за мерење на ефектот на инструменталната музика врз пациентите со мигрена е објавена во месечното списание „Complementary Therapies in Medicine“, кое се подготвува од страна на француски, германски и американски истражувачи и вклучува истражувања за алтернативна медицина.
Во истражувањето, група од 20 луѓе, претежно жени, редовно по две сесии дневно слушале инструментална музика во текот на три месеци.
Како резултат на терапијата, спроведена во 20 минути и вкупно пет фази, забележано е дека мигрената и главоболките кај испитаниците почнале постепено да се намалуваат.
- Позитивно влијание и кај анксиозност и депресија -
Кај 50 отсто од учесниците е забележано дека зачестеноста на нападите се намалила за 50 отсто, а исто така е намалена и потребата од лекови.
Истражувањето, исто така откри дека волјата на учесниците да ја контролираат депресијата и анксиозноста се подобрила.
Меѓу другото, се наведува дека ова истражување, иако во мал обем, ќе помогне да се спроведат посеопфатни клинички испитувања во музикотерапијата во иднина.