Seyit Ahmet Aytaç
13 Мај 2018•Ажурирај: 15 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Група истражувачи од Институтот за технологија Масачусетс (MIT) предводена од турски научник откриле решение за добивање на слатка вода од морска вода преку користење на соларната енергија, јавува Anadolu Agency (АА).
Д-р Емре Генчер од Иницијативата за енергија при Институтот го опиша за АА откриениот модел.
Тој нагласи дека тие биле инспирирани од земјите кои поседуваат големо количество сончева светлина, но кои на располагање имаат малку вода.
„Слатката вода, електричната енергија и водородот може да се добиваат користејќи ја сончевата енергија и солената (морска) вода, кои се меѓу најзастапните ресурси во светот“, објаснува тој.
„Прво ја испаруваме водата користејќи системи на соларна енергија. Произведуваме електрична енергија со испраќање на добиената пареа кон парните турбини“.
„Пареата произведена од фазата за производство на електрична енергија е насочена кон системот за термички третман и се користи за загревање на морската, солена вода. Во оваа фаза, дел од морската вода испарува и се добива свежа вода", истакна истражувачот Емре Генчер, од Институтот за технологија Масачусетс.