Abdulkadir Günyol
21 Јули 2022•Ажурирај: 22 Јули 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот глобален технолошки бренд ТОГГ го изложи својот концепт-автомобил наречен „Концепт паметен уред“ во „Зорлу центар“ во Истанбул, јавува Агенција Анадолија (АА).
ТОГГ овој концепт-автомобил за првпат го презентира во Лас Вегас, Соединетите Американски Држави (САД). Возилото може да го видат љубителите на автомобилите во влезниот дел на „Зорлу центар“.

Граѓаните покажаа голема заинтересираност за овој паметен автомобил кој ја открива визијата на ТОГГ за иднината.
Исто така, и дизајнот на овој автомобил ги вклучува посебните карактеристики на ТОГГ. Осветленото лого на ТОГГ кое се наоѓа на горниот дел на автомобилот, е симбол на единството на Истокот и Западот.

Автомобилот наречен „Концепт паметен уред“ е во металик сива боја, а покрај надворешниот дизајн, и внатрешниот дизајн, исто така, е подигнат на повисоко ниво.
ТОГГ за сериско производство ќе биде подготвен во последниот квартал на 2022 година.
Турската автомобилска компанија до 2030 година планира да произведува вкупно 1 милион автомобили.