Elif Ferhan Yeşilyurt
25 Април 2020•Ажурирај: 26 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Социјалната мрежа Фејсбук, со желба да им го олесни поврзувањето на своите корисници во периодот на пандемијата на коронавирусот Ковид-19, воведе нова опција за групен видеоразговор, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во соопштението на Фејсбук се вели дека „Messenger Rooms“ ќе им овозможи на луѓето да се состануваат со пријателите, семејството или луѓето со исти интереси. Корисниците ќе можат да ги поканат луѓето да им се придружат со креирање соби преку Месинџер или Фејсбук.
Лицата повикани на тие разговори, нема да треба да имаат профил на Фејсбук или апликацијата Месинџер.
Разговорите во „Messenger Rooms“ ќе можат да вклучат до 50 лица, и нема да имаат временски ограничувања. Луѓето кои ќе ја создаваат врската за разговор (chat) ќе можат да одредат кој може да им се придружи на тие разговори и да го затвори пристапот ако не сакаат повеќе луѓе да се приклучат кон разговорот.
Повиканите ќе можат да се приклучат на разговорот од нивниот телефон или компјутер без да спуштат каква било апликација и да имаат пристап до многу филтри, особено оние со апликацијата Messenger, позадини како и разни ефекти.