Ekip
13 Октомври 2019•Ажурирај: 14 Октомври 2019
АНКАРА (AA) - Бројот на неутрализирани терористи на ПКК/ПЈД-ЈПГ во рамките на операцијата „Извор на мирот" на северот на Сирија порасна на 525, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за одбрана на Турција преку Твитер профилот објави дека до сега во операцијата Извор на мирот се неутрализирани вкупно 525 терористи.
Турските сили на 9 октомври ја започнаа операцијата „Извор на мирот“ во североисточна Сирија, односно во пограничниот појас на источниот брег на Еуфрат, кој е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека целта на операцијата е со елиминирање на терористичките елементи да се обезбеди турската граница и да се спречи воспоставување терористички коридор. Целта е и воспоставување безбедносна зона за враќање на сириските бегалци и зачувување на територијалната целост на Сирија.
Турција предупредува дека терористичката операција ПКК и нејзиниот сириски огранок ЈПГ/ПЈД претставуваат најголема закана за безбедноста на Сирија, бидејќи го загрозуваат нејзиниот територијален интегритет и целост.