Enes Canlı
09 Октомври 2019•Ажурирај: 12 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - По започнување на операцијата „Извор на мирот“ од страна на Турските вооружени сили (ТСК) заедно со Националната војска на Сирија која започна со цел оневозможување на формирањето терористички коридор, близу јужната граница на Турција и за обезбедување мир и спокојство во регионот, започна и обидот за манипулација и дезинформација на профилите на социјалните мрежи кои се блиски со терорстичките организации, јавува Аnadolu Agency (AA).
На овие профили се објавени фотографии од масакри во историјата, а се тврди дека биле снимени во операциите на Турција како „Штитот на Еуфрат" и „Маслинова гранка".
„Турција претходно го стори тоа. Дали мислите дека повторно нема да го направи тоа?“, се вели во оваа објава, каде е споделена една фотографија од масакрот во Хоџали од 90-тите години.
Забележано е дека поддржувачите на терористичките организации преку социјалните мрежи создаваат одредени хаштагови со цел да добиваат поддршка.