АНКАРА
Новиот Устав на Турција ќе ги има за приоритети основните права и слободи, владеењето на правото и демократијата, изјави пратеникот во турскиот парламент Рамазан Џан, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ќе претставиме Нацрт-закон во кој ќе бидат претставени сите делови на нашето општество и кој ќе ги има за приоритет основните права и слободи, владеењето на правото и демократијата“, изјави за АА Рамазан Џан, пратеник од Кирикале, централна Турција.
Тој истакна дека ќе го претстават Нацрт-закон кој ќе треба да го поддржат сите политички партии.
„Актуелниот Устав на Турција е остаток од времето на државниот удар, составен од Советодавниот совет избран од генерали кои го извршија пучот на 12 септември 1980 година“, рече Џан.
„Турција не заслужува устав кој е составен од воениот режим“, изјави тој.
Прратеникот Џан изјави дека поради таа причина, политичките партии, невладините организации и сите сектори на турското општество сакале нов устав со децении.
- Наследство од крвавиот пуч во 1980 година -
„Од 1982 година, сегашниот Устав претпре бројни промени“, рече Џан.
„Имаше многу промени. Некои измени дури отидоа на референдуми. Нашите граѓани исто така ги поддржаа овие промени со текот на времето. Но, овие промени не беа доволни“, рече тој.
Крвавиот пуч во 1980 година - што доведе до притворање на стотици илјади луѓе заедно со масовни судења, тортури и егзекуции - сè уште стои како црна дамка во турската политичка историја.
Во пучот, тортурата, малтретирањето и лошите услови во затворите загинаа речиси 300 лица, а преживеаните се соочуваат со повеќегодишна физичка и ментална тортура.
Повеќе од 650.000 лица беа приведени, а 230.000 беа судени од главно политички причини. Педесет лица беа погубени.
Пратеникот рече дека од 2000 година, Турција постигнала напредок во кандидатурата за членство во ЕУ, во политичките копенхашки критериуми, демократијата и владеењето на правото.
„Никогаш не треба да ја потценуваме точката што ја достигнавме, но сè уште сме управувани со устав на воен режим. Должност е на сите нас, како граѓанска волја, како пратеници избрани од нацијата, да подготвиме устав кој ќе ги прифати ставовите на сите партии во Парламентот и ќе им даде приоритет на основните права и слободи и демократијата“, додаде Џан.
- Учество на сите партии -
„Владејачката партија за правда и развој (АК) нема доволно места во Парламентот за да го донесе Нацрт-уставот на референдум самостојно. Оваа ситуација создава обврска за нас да го подготвиме Уставот во договор со сите сектори на општеството“, смета турскиот пратеник.
„Можеме да се согласиме за заеднички нацрт за консензус кој не игнорира ниту еден дел од општеството и може да ги претставува сите сектори.“
Говорејќи за изборниот и гласачкиот сојуз меѓу АК партијата и Партијата за национално движење (МХП), тој додаде: „Потребна ни е поддршка од сите партии во Парламентот, покрај Народната алијанса, за да го донесеме новиот Нацрт-устав.“
Тој додаде: „Дури и ако [некои] политички партии не го поддржат овој нацрт поради пристрасност, темелите на овие партии ќе го поддржат кога овој нацрт-устав ќе биде споделен со јавноста.“
Џан изјави дека Претседателството, Министерството за правда и Парламентот во наредните денови ќе работат на изготвување нацрт за нов устав.
„После тоа, Нацртот ќе биде оценет од Народниот сојуз. Политичките партии претставени во Парламентот веќе работат на своите [сопствени] нови нацрт-устави“, појасни тој.
„Секоја партија има нова уставна цел. Во оваа смисла, овие нацрти можат да бидат земени во заеднички базен и да се постигне договор за заеднички нацрт.“
Претседателот Реџеп Таип Ердоган во средата ги повика сите политички партии да учествуваат во изготвувањето на новиот Устав.
Лидерот на МХП, Девлет Бахчели, изрази согласност за потребата од нов граѓански устав.
Џан исто така потсети дека на референдумот во април 2017 година, Турција се одлучила да се префрли на претседателски систем на управување.
„Подготвуваме Нацрт-устав во согласност со претседателскиот систем. Нема да има враќање од овој систем. Мнозинството наши луѓе го прифатија претседателскиот систем. Така, ќе ги отстраниме проблемите на [сегашниот] систем со новиот Нацрт-устав“, истакна Џан.
Во јуни 2018 година, Ердоган беше повторно избран за претседател, првиот претседател на Турција во рамките на новиот систем.
Турските официјални претставници ги пофалија придобивките од новиот систем, велејќи дека тој ја елиминира неефикасноста и овозможува непречено работење на администрацијата.