Alma Çekovic
23 Ноември 2016•Ажурирај: 24 Ноември 2016
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Владата на Република Србија, Александар Вучиќ денес изјави дека Србија е воено неутрална, но дека сака да ја продолжи соработката со НАТО, бидејќи без таа соработка нема мир и стабилност во регионот, што е предуслов за понатамошен економски раст и напредок на земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Премиерот на Србија исто така искажа благодарност до генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и на изјавата дека жали поради невините жртви од бомбардирањето на Србија во 1999 година.
Тој изјави дека јавноста во Србија мора да знае дека земјата е опкружена со членките на НАТО и земји кои би сакале да бидат во Алијансата, поради што мораат да градат добри односи со луѓето од НАТО доколку сакаат мир и стабилност, поголем економски раст и напредок на економијата, како и подобар животен стандард.
„Србија е воено неутрална, ја почитува одлуката на Собранието, но поради рационални причини и погледи во иднината, а не враќање во минатото, сака да развие односи со НАТО ”, порача Вучиќ, соопштено е од Владата на Србија.
Вучиќ соопшти дека со Столтенберг разговарал за сите клучни прашања, како борбата против тероризмот, мигрантската криза и учеството на Србија во мировните операции, со напомена дека упатил молба до НАТО да им помогне во отстранувањето на мини и чистење, посебно на Копаоник.
Тој укажа на тоа, дека по релаксацијата на воздушната зона во Зоната на копнена безбедност, станувало збор за долниот слој на воздушниот простор над Косово и Метохија, со напомена дека експертите наскоро ќе се состанат и дека верува дека ќе има позитивни решенија во наредниот период.
Српскиот премиер изјави дека е благодарен и на оцените дека Србија делува стабилизарачки на целиот регион, и повтори дека тоа е услов за просперитет во секоја друга област.
„Сакаме во рамките на Партнерството за мир и ИПАП тој вид на соработка да го продолжиме. Тоа е исклучително важно за граѓаните и верувам дека ќе можеме да се пофалиме токму со такви добри односи во иднина, бидејќи тие значат мир и стабилност на Балканот", заклучи Вучиќ.
Столтенберг оцени дека Србија е извозник на стабилноста во регионот како и дека имаше одличен состанок со премиерот Вучиќ. Генералниот секретар на НАТО рече дека Северноатланската алијанса ја почитува воена неутралност на земјата и изрази жалење поради невините жртви на НАТО кампањата, односно бомбардирањето на СРЈ во 1999 година.
Тој истакна дека Србија е во срцето на Балканот, што е во срцето на Европа и дека на различни начини значително придонесува за регионалната стабилност и националната безбедност.
Столтенберг оцени дека премиерот на Србија имаше одличен состанок со претставниците на Атланскиот совет, при што тоа е неговата прва средба со членовите на тоа тело.
„Имавме одличен состанок со Советот на НАТО, и тоа покажува дека работиме на јакнење на соработката помеѓу НАТО и Србија. Горд сум на пријателството со Вас, благодарен на тоа што сте тука. Разговаравме за различни прашања, вклучувајќи ги и нашите безбедносни извори”, порача Столтенберг.
Тој истака дека е импресиониран од реформите кои Србија ги спроведува и додаде дека НАТО и тој лично го поздравуваат ангажирањето на Србија во ситуацијата со мигрантската криза.
„Исто така, го поздравуваме фактот дека Србија придонесува за мировните мисии на Кипар, во Либан и Африка. Србија е интегрален дел од европското семејство и делиме исти вредности. Силно врувам во потенцијалот на соработката на НАТО и Србија”, рече генералниот секретар на НАТО.
Додаде дека НАТО ги поддржува напорите на Србија на патот кон ЕУ, како и дека тоа е добро за Србија, за стабилноста и соработката во Европа.
Според неговите зборови, двете страни работат и на јакнење на билатералната соработка преку ИПАП, а ќе работат и понараму на развивање на соработката и борбата против терористичката организација ДЕАШ.
„Србија е извозник на стабилноста и близик соработник на НАТО", заклучи Столтенберг.