Nilay Kar
22 Јули 2017•Ажурирај: 23 Јули 2017
ЕРУСАЛИМ (AA) - Палестинскиот претседател Махмуд Абас рече дека палестинското раководство ќе ги замрзне сите контакти со Израел на сите нивоа до остранување на детектори од метал на влезовите од џамијата Ал-Акса, пренесува Anadolu Agency (AA).
Абас ова го соопшти синоќа за време на состанокот со високите палестински функционери, со кои разговараше за се посериозната ескалација на ситуацијата околу џамијата Ал Акса.
Тројца Палестинци се убиени, а стотици се повредени во петок кога израелските безбедносни сили интервенираа во текот на протестите на Палестинците поради неодамна поставените безбедносни ограничувања на влезовите на џамијата Ал-Акса, поточно детектори од метал.