Fatjon Cuka
21 Јули 2017•Ажурирај: 22 Јули 2017
ТИРАНА (АА) - Министерот за информатичко општество и администрација на Македонија, Дамјан Манчевски, при посетата на Албанија се состана со претставници на Министерството за внатрешни работи на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик-министерот за внатрешни работи на Албанија, Стефан Чипа, денес одржа средба со министерот Манчевски, каде што фокусот беше соработката меѓу двете институции.
„Министерот Манчевски покажа голем интерес од аспект на дигитализација на податоците на државјаните, поле во коешто Албанија е во понапредна фаза од Македонија. Затоа тој побара соработка околу искуството на албанските институции. Манчевски го информираше заменик-министерот Чипа дека процесот на дигитализација на Националниот регистар на граѓаните на Република Македонија, финансиран од ЕУ, е во тендерска фаза и се очекува да заврши во јуни 2019 година“, се наведува во официјалното соопштение на Министерството за внатрешни работи на Албанија.
Во соопштението се вели дека заменик-министерот Чипа истакнал оти Националниот регистар на граѓанскиот статус, како и развојот на Националниот регистар на адресите, се приспособува со новата административна реформа и поделба одобрена во 2014 година.
За време на средбата, Бледар Дорацај од Генералниот директорат за граѓански статус во Албанија, пренесе дека ќе продолжи работата со регистрација на адресите на албанските државјани кои живеат надвор од територијата на Албанија, преку интернет-портали и амбасади.