Zülfiya Yakup
25 Февруари 2016•Ажурирај: 26 Февруари 2016
ПРИШТИНА (AA) - Обединетата косовска опозиција за утре во 10 часот закажа протест за пад на Владата и против изборот на претседателот на Косово затоа што новиот претседател на Косово се бира утре на седницата на Собранието на Косово, која почнува во 11 часот, јавува Anadolu Agency (AA).
Канидати за претсседател се Хашим Тачи, лидер на Демократската партија на Косово и Рафет Рама од истата партија. Рама е формалниот кандидат за да се испочитува законот, додека Тачи е кандидат за претседател според коалицискиот договор на неговата партија и Демократскиот сојуз на Косово, премиерот Иса Мустафа.
Опозицијата ги повика сите граѓани на Косово кои се против политиката на актуелната Влада и продолжување на узурпација на државата, да им се придружат на протестот за да се спречи узурпација на самиот врв на државата, Претседателството на Косово.
Претседателот на најголемата опозициска партија, Движењето "Самоопределување" Висар Имери по конференцијата за новинарите пред Националниот театар во Приштина изјави дека опозицијата е против Хашим Тачи бидејќи тој потпишал договор за демаркација на границата со Црна Гора и Заедницата на општини со српско мнозинство на Косово.
Опозицијата веќе шест месеци ја блокира работата на Собранието во знак на спротиставување на договорот за Заедницата на општините со српско мнозинство и за демаркација на границата со Црна Гора. Откако при крај на минатата година Уставниот суд констатираше дека Заедницата не е во потполност во склад со Уставот, опозицијата почна да бара оставка од Владата и распишување на вонредни избори.