Aybala Arpacı
30 Август 2016•Ажурирај: 30 Август 2016
МОСКВА (АА) - Во рамките на Самитот на Г-20 кој ќе се одржи во Кина, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Русија, на 3-ти септември ќе остварат билатерална средба, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото известување на прес-центарот на Кремљ дадени се детали околу средбата на Ердоган и Путин.
Според известувањето, во рамките на Самитот, на средбата која ќе се одржи на 3-ти септември, се очекува да стане збор за периодот на нормализирање на турско-руските односи, заживување на механизмот за меѓусебна соработка меѓу земјите на високо ниво и меѓусебна соработка особено на полето на економијата, трговијата и енергетиката.
Соопштено е дека на средбата Ердоган-Путин, ќе стане збор и за темите, како што е ситуацијата во Сирија и борбата против меѓународната терористичка закана.
Од друга страна, во врска со средбата, изјава пред рускиот печат даде советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, истакнувајќи дека периодот продолжува периодот на нормализирање на односите меѓу Турција и Русија, и додаде: „Пред краток временски период ја отстранивме забраната за чартер-летови. Со забрзано темпо продолжува процесот за враќање во нормала на меѓусебната соработка, по настанот со воениот авион во месец ноември.“