Sibel Vezaj
31 Август 2016•Ажурирај: 01 Септември 2016
ПРИШТИНА (АА) - На состанокот на Владата на Република Косово, на кој што присуствуваше и премиерот на Косово, Иса Мустафа, беше донесена одлука за доделување на парични средства во износ од 50 илјади евра за граѓаните на Република Македонија што беа погодени од големите поплави, јавува Anadolu Agency (AA).
Во оваа пригода,министерот за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај, потенцираше дека Македонија беше погодена од големи поплави како последица на лошите временски услови, со човечки жртви и големи материјални штети.
„Беа погодени и делови на градовите и населените места во Македонија. Како последица на оваа ситуација, Македонија објави вонредна состојба и побара помош од соседните и од европските земји за да се справи со оваа ситуација. Во името на солидарноста и добрососедството, Косово треба да го следи добриот пример во регионот и доделува 50 илјади евра парична помош“, рече Хоџај.