Ivana Ramadanova
07 Март 2017•Ажурирај: 08 Март 2017
СКОПЈЕ (AА) - „Сместувањето на мигрантите што доаѓаат на територија на Република Македонија од земја-членка на Европската Унија не е можно. Мојот колега од Австрија, Себастијан Курц е погрешно интерпретиран“, изјави вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, кој престојува во дводневна посета на Брисел, пренесува Anadolu Agency (AA).
Реакцијата на Попоски следува по изјавата на Курц дека „половина милион од мигрантите треба да се сместат во балканските земји“.
Како што јави МИА, според Попоски, сместувањето на бегалците не е опција и единствено за контрола на миграциските текови може да помогне Македонија и во овој дел ќе ги изврши своите обврски Се друго е прашање на безбеден и хуман третман што ќе го добијат мигрантите кои мигрираат од една земја-членка на Европската Унија во друга земја-членка на Унијата.
На прашањето дека во некои земји-членки на Унијата излегоа информации дека тие инсистираат во Република Македонија и во останатите држави на Балканот да се сместат поголем дел, десетици илјади од бегалците, односно во овие земји да се формираат т.н. „жешки точки“ за прием и сместување на бегалци, македонскиот шеф на дипломатијата со одговор:
„Тоа не е можно! Македонија беше и ќе биде посветена на спречување на нелегалната миграција и од тој аспект контролата на границите е нашиот приоритет и за тоа соработуваме со повеќе земји-членки на Европската Унија. Сместувањето на мигрантите што доаѓаат на територија на Република Македонија од земја-членка на Европската Унија нема никаква логика, освен ако тоа не е транзит низ територијата на Република Македонија до други земји-членки на ЕУ. Ова е јасна порака од самиот почеток и ние опстојуваме на тој став дека единствено за контрола на миграциските текови може да помогне Македонија и во овој дел ќе ги извршиме нашите обврски, а се друго е прашање на безбеден и хуман третман што ќе го добијат мигрантите кои мигрираат од една земја-членка на Европската Унија во друга земја-членка на Унијата. Сместувањето не е опција", дециден е Попоски.