Alperen Aktaş
13 Јануари 2024•Ажурирај: 14 Јануари 2024
Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денес ќе претседава со безбедносен состанок во Истанбул, соопшти шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, пренесува Анадолу.
„Со одлука на нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган, ќе се одржи безбедносен состанок на 13 јануари, во 14:30 часот (по локално време) во палатата Долмабахче во Истанбул“, напиша Фахретин Алтун на социјалната платформа X.
Ова дојде откако шест турски војници беа убиени во терористички напад на терористичката организација ПКК во северен Ирак.
Алтун информира дека на состанокот ќе присуствуваат министерот за надворешни работи, Хакан Фидан; министерот за внатрешни работи, Али Јерликаја; министерот за национална одбрана, Јашар Ѓулер; началникот на Генералштабот, Метин Гурак; и шефот на Националната разузнавачка служба (МИТ), Ибрахим Калин.
Туркије ја започна операцијата „Канџа-катанец“ во април 2022 година за да ги таргетира засолништата на терористичката организација ПКК во северните ирачки региони Метина, Зап и Авасин-Басјан во близина на турската граница.
На тоа и претходеа операциите „Канџа-тигар“ и „Канџа-орел“, започнати во 2020 година за да се искорени терористите кои се кријат во северен Ирак и планираат прекугранични напади во Туркије.
Во својата повеќе од 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучувајќи жени деца и бебиња.